Секогаш кога има избори , без разлика дали станува збор за локални, парламентални или претседателски, резултатите на компаниите се понегативни  од очекувањата, велат домапшните бизнисмени, по најавата за можби двојни избори годинава. Симон Наумоски од Витаминка“ рече дека бизнисот не би сакал избори оти секои избори го попречуваат да го реализира планираното.


Изборните процеси да се кратки и да не го кочат бизнисот, побара денеска и претседателот на Стопанската комора Бранко Азески.

Азески смета дека политиката, исто така, не би требало да го кочи бизнисот во однос на извозот изнаоѓањето нови пазари и создавањето на заеднички регионален производ што е јасна цел на бизнисот од регионот.

Треба да стане јасно дека бизнисот ќе ги пробива границите и онаму каде што политиката ги затвора. Ние соработувавме со грчки фирми и пред отворање на процесот, а сега со надминување на одделни бариери ќе даде дополнителен стимул за соработка. Соработуваме и со Бугарија и Србија и треба да ги надминеме политичките предрасуди и идеолошката матрица пред создавањето на заеднички регионален производ – рече Азески.