Поефективна инклузија на учениците со интелектуална попреченост на пазарот на трудот, унапредување и зајакнување на нивната вработливост, како и зголемување на нивните капацитети за напредување во професионалната кариера, предвидува меморандумот за соработка што денеска  го потпишаа Сојузот на стопански комори на Македонија (ССК) и средното државно училиште „Св. Наум Охридски“ од Скопје во кое се образуваат ученици со посебни потреби.

Согласно меморандумот двете институции заедно ќе работат на прилагодување на образовните програми и организирање практична настава во соработка со бизнис заедницата во насока на  успешна социјална инклузија на учениците на пазарот на трудот.

Тој нагласи дека дел од компаниитечленки на ССК веќе имаат воспоставено соработка со училиштето, а дел почнуваат соработка.

Директорот на ДСУ „Св. Наум Охридски“ Дивна Видиниќ истакна дека во училиштето се образуваат ученици за повеќе струки и занимања од цела Македонија за графичка, машинска, текстилна електротехничка, градежна и угостителско-туристичка струка.

Досега, потенцира, имаме успешна соработка со неколку компании од Скопје, а нашата интенција е да се зголеми вработувањето на учениците од Скопје, но и од внатрешноста на државата. Затоа сметаме дека меморандумот ќе ни озвоможи да се вработуваат учениците од внатрешноста.

Компанијата „Кнауф“ членка на ССК, годинава активно се вклучува во  едукација на учениците во „Св. Наум Охридски“ Скопје, во паралелка со девет ученици за занимање Молер.

Според податоците на Државниот завод за статистика, согласно секторите каде се вработуваат лица со инвалидитет, во најголем дел станува збор за занимања за неиндустриски начин на работа во производство, ракувачи и составувачи на машини и постројки, елементарни занимања, работници во услужни дејности, продавници и пазарни продажби и сл. Во земјава има околу 650 компании кои се регистирани за вработување лица со попреченост.