Јапонската автомобилска компанија Хонда објави дека до 2021 година ќе престане да продава свои дизел возила во Европа во корист на моделите на електричен погон.

Хонда на ваквиот потег се одлучила бидејќи сака да ги електрефицира своите модели на Стариот континент до 2025 година.

До следната година, според целите на ЕУ за намалување на емисијата на штетни гасови, производителите на автомобили треба да ја ограничат емисијата на ЦО2 на 95 грама по километар во однос на сегашниот просек од 120, 5 грама.

Јапонскиот производител е уште една во низата автомобилски компании кои го намалуваат производството на дизел моторите во склад со строгите глобални прописи. Најновиот план е дел од долгорочната цел на компанијата електричните автомобили да сочинуваат две третини од нејзината вкупна глобална продажба до 2023 година.