Нина Ангеловска, по директна наредба на Зоран Заев денеска ја задолжи државата за нови 40 милиони евра. Со тоа за една недела задолжувањата достигнаа над 102 милиони евра. Додека граѓаните тонат во сиромаштија, власта се расфрла. Во време кога се најавува ново полнење на државната администрација со над 3000 вработувања како дел од коалицискиот договор помеѓу партнерите на власта, буџетот распидно се оптеретува, изјави денеска Светислав Васев, од ВМРО-ДПМНЕ

Јавноста мора да знае дали парите од задолжувањето ќе се трошат за намирување на 3000 вработувања во државната администрација?Дали граѓаните и голем број идни генерации ќе треба да го плаќаат полнењето на јавната администрација?, прашува Васев.