Грција и понатаму е земја со најголемата задолженост со 179,7 отсто од БДП, што е повеќе од  истиот период минатата година  кога јавниот долг изнесувал  176,1 отсто од БДП, покажжуваат најновите податоци на Еуростат за задолженоста на земјите членки на ЕУ.

Над 100 отсто од БДП во вториот квартал  е Италија (133,1), Португалија (124,9), Белгија (106,8) и Кипар со 104 проценти.

Над границата од 60 проценти има девет земји, додека 14 земји на ЕУ се под тоа ниво.

Австрија, во вториот квартал од оваа година, успеа да го намали јавниот долг на 76,5% од БДП.

Во истиот период минатата година, задолженоста на Австрија сè уште беше на 81 отсто.

Во еврозоната, задолженоста се намали од 89,2 на 86,3 проценти, а во ЕУ од 83,4 проценти на 81 проценти, произлегува од новите податоци на Еуростат.

Најмалата задолженост во ЕУ ја има Естонија со “само” 8,3% од БПД.