Фотографите и камерманите во земјава формираа Комора како погодени од пандемијата за да бидат опфатени во петиот пакет на економски мерки на Владата за справување со последиците кои ги предизвика кро0онавирусот.
Од таму тврдат дека се колатерална штета од ограничувањата за работа на угостителските објекти, дека е загрозена нивната егзистенција и дека државата ги заборавила.
Новата стопанска комора за фотографска и видео дејност ќе ги опфаќа сите фото студија и видео продукции за свадби и настани, како и самостојни вршители на фотографска дејност и правни лица кои вршат набавка и дистрибуција на добра. Поголемиот дел од нејзините членки се микро и мали претпријатија со мал број вработени,
Од таму веќе поднле барања за средби до надлежните министерства, на кои ќе бидат поднесени нивните барања,, меѓу кои да бидат ослободени од условите за добивање на субвенциите и грантовите.
Нашите членови се колатерална штета на забраните кои се однесуват на угостителскиот сектор за организирање и одржување семејни веселби, прослави и настани. Ние како дејност која највеќе се занимава со фотографирање и видео снимање на погоре спомнатите настани, поради забраните ги изгубивме сите договорени настани за 2020 година, а овој тренд на откажување ќе продолжи и во 2021-ва ако пандемијата не се стави под контрола, вели претседателот на Комората, Миле Спасов.
Од таму бараат државата да гио исплаќа и платите и на отпуштените работници во оваа дејност, за истите да можат да бидат вратени на работа. Комората бара и да и се овозможи издавање лиценци за фото и видео дејноста за да се стави ред во фелата и да се спречи нелојалната конкуренција.
Comments are closed for this post.