Антимонополското  тело на Европската Унија изрече  парична казна на пет големи банки – вклучувајќи ги и Барклис Банка  и Ситигруп – за тајно договарање на огромниот  пазар.

Европската комисија  ги казни  Барклис банка, Кралската банка на Шкотска, Ситигруп, ЏП Морган  и јапонската МУФГ со  вкупно 1,07 милијарди евра, откако дозна дека се согласиле да го фиксираат девизен курс, се вели во соопштението.

„Во две спогодбени одлуки, Европската комисија казни пет банки за учество во два картели на девизниот пазар за 11 валути – евро, британска фунта, јапонски јен, швајцарски франк, американски долат, канадски долар, новозеландски и австралиски долари, и дански, шведски и норвешки круни”, рече Европската комисија.

Според Брисел, банките ги формирале тие картели за да влијаат на 11 различни валути, вклучувајќи го и еврото, американскиот долар, фунтата, јапонскиот јен, швајцарскиот франк и други.