Индустријата и градежништвото тонат. Тоа го покажуваат последните податоци на државните институции. Имено, според Државниот завод за статистика забележан е пад на индустриското производство од 5,2 % за месец октомври оваа година во однос на месец октомври минатата година. Дополнително според министерството за финансии капиталните трошоци заклучно со месец октомври изнесуваат минорни 48, 64 % .

Двете најважни гранки во македонската економија бележат сериозни удари и намалувања што според експертите претставува сериозна закана за и онака кревката македонска економија која допрва ја чекаат цени денови според податоците на сите реномирани финансиски институции.

Она што е многу важно е дека градежништвото и индустријата се главните учесници во градењето на бруто домашниот производ и кога тие бележат опаѓање тоа значи дека економската активност на државата ќе бележи негативни резултати. Предвидувањата се дека македонската економија ќе паѓа и тоа за 4,5 % според последните податоци на Светска банка но според познавачите доколку продолжат ваквите негативни трендови во идустријата и градежништвото оваа бројка може да расте.

Експертите велат дека мерките на владата не даваат резултати поради тоа што се популистички и неструктурни што дополнително го отежнуваат закрепнувањето на економијата.

Владата ветуваше дека мерките од економските пакети се наменети за стопанството но сепак според експертската јавност резултатите изостанаа.