Над 28 илјади компании се затворени во последните четири години откако е оваа Влада на СДСМ и ДУИ. Податоците покажуваат дека само последнава година бројот на затворени компании бил 6,200, во 2019 година таа бројка е 5,099 затворени компании, во 2018 година 6,821 компанија била затворена, а до крајот на 2017 година дури над 10 илјади компании биле затворени во Македонија.

По последните податоци на Централниот регистар само годинава затворени се 6.200 компании најмногу во последниве три години, ако не ја земеме во предвид 2017 тата година. Само за последниве три години од почеток на 2018 година дури 10.755 компании ставиле клуч на врата, од кој најголем број од нив се микро или мали компании.

Иако неколку години најавуваната економска година никако да дојде се поголем број на компании поради кризата и минатата година решиле да ги затворат своите бизниси.

Податоците и анализата на Бизнис инфо со Таргет груп покажува дека во нашата земја само во 2019 година биле отворени скоро само 3.000 компании, но ако тоа се спореди со бројот на затворени компании до крајот на истата година од 5.099 ќе заклучиме дека ситуацијата не е розева со реалниот сектор уште пред две години.

Најголем број на овие компании се микро и мали бизниси кои имаат до 10 вработени, но сепак го чинат најголемиот импут и се показател за претприемачката моќ на реалниот сектор, за шест месеци од нив само лани затвориле 4,106 компании или над 80% кој процент е навистина загрижувачки. Освен овие мали бизниси, во 2019 затвориле и четири големи компании со над 250 вработени, а за помалку од шест месеци во 2020 година затвориле три вакви големи компании.

Во 2018 година ситуацијата исто не била наклонета кон компаниите па податоците од Народната банка покажуваат заклучно со септември месец истата година дури 28,352 компании имале блокирани сметки, а бројот на затворени компании до крајот на годината бил 6,821.

Податоците говорат дека неликвидноста е една од клулните проблеми за бизнисите особено за малите и микро компаниите кои се измачија и претходната година со пандемијата. Се очекува овој тренд да продолжи и во новава година ако не се променат мерките и политиките во насока во поголема помош за компаниите и свеж капитал во стопанството што најголем дел зависи од политиките на Владата и како таа управува и се справува со кризата.

Иста судбина ги снајде и оние компании кои затворија минатава година, 6,200 од нив ставиле клуч на врата, 500 од нив отишле под стечај,а 1200 иако ликвидни по барање на сопствениците. Дури над 80% од нив се згаснати компании кои биле микро или мали бизниси.

Ситуацијата ќе биде и полоша предвидуваат од Стопанската комора, затоа што бизнисите имаат многу проблеми, а и недостасува законски основ за јануари за исплата на субвенции за плати.

Иако стопанствениците велат дека бројот на затворени компании минатата година е во рамки на просекот, најлоша година е 2017- та каде имаме над 10,000 компании кои згаснуваат веројатно тоа се должи на политичката криза и промената на власта која следеше, но и не ставањето на агендата на новата влада на економскиот развој за помош кон бизнисите.

Ако ја погледнеме бројката од над 28 илјади копмпании за земја како Македонија за четири години тоа и како зборува на кое ниво ни е претприемачката активност, како и уште позагрижувачката бројка на се помал број на нови компании, говори за стагнирање на реалниот сектор и неосмелувањето заради преголемиот ризик да се започне сопствен бизнис, поради несигурната состојба во државата. За жал долго најавуваното економско блескање не дојде овие четири години со оваа власт за голем дел од микро и малите компании, туку клуч на врата, а и останатиот дел од бизнисите кои работат во Македонија мака мачат да останат ликвидни во ситуација во која инвестиции има се помалку, а економијата е на стаклени нозе.