Независната угостителска комора е незадоволна и покрај тоа што министерот Венко Филипче најави дека од 21 јануари се враќа претходното работно време за оваа дејност до 21.00 часот.

Tие сметаат дека рестрикциите во работното време е кршење на уставните права.

Никој не спори ниту се противи на постоењето на протоколи и препораки за работа на угостителски објекти во услови на глобална пандемија ковид-19. И наместо министерот Венко Филипче да ветува дека ќе го разгледува нашето оправдано барање за укинување на ограничувањето на работното време, предлагаме сите одлуки со кои се ограничува работното време утврдено со закон веднаш да се укинат, а Комисијата за заразни болести и Министерството за здравство да предложат унапредување на постојните препораки и протоколи и да се задолжат да изготват унифицирани и стратешки препораки и протоколи за работа на целокупната угостителска индустрија во 2021 година, гласи реакцијата на комората.