Основните субвенции на лозарите ислатени, а до средината на септември и лозарите и производителите на праски до средината на септември треба да ги добијат предвидените интервентни по еден денар за килограм грозје и праски.
Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Трајан Димковски при денешната посета на Подрачната единица на МЗШВ одговорајќи на новинарски прашања рече дека средствата ќе се предвидат со ребалансот на Буџетот за оваа година.
Тој појасни се доцни со исплатата бидејќи пријавувањата на лозарите за оваа мерка се врши до 25 декември во изминатата година и дека Министерство не знае колкава килажа за исплата ќе достават лозарите и овоштарите, а затоа што буџетот се прави порано.
Воедни информира дека основните субвенции за лозарите се исплатени.Тој појасни дека во делот за Повардарие кои не беа исплатени четири години вклучувајќи ја и Винаријата „Стефани“ се исплатени околу милион и пол евра.
Министерот Димковски потсети дека минатата година МЗШВ имало интервентни мерки за пченицата, оризовата арпа и затоа и сега вети дека и годинава истите обврски кон земјоделците ќе бидат подмирени.
Воедно информира дека се очекува просечна година кај лозарите со најавените приноси што би се движеле во просечно ниво на просечни години, а откупот да биде околу 105 милиони килограми грозје колку што најавиле винариите.
Извозот во гајби за винско грозје некаде колку што е во просечните години ќе биде околу 10 милиони килограми и мал вишок грозје што се претпоставува. Но многу е рано да зборуваме за вишок, бидејќи треба да видиме какви ќе бидат временските услови и многу ни е важно како ќе започне бербата, информира Димковски.
Тој појасни дека во тој случај и разговорите со винариите се дека не треба да има вишок, односно целокупното количество на грозје да биде откупено за да не се доведе во ситуација да се кризира со цената или да не дојде до некое намалување.
Во разговорите со нив сепак цената ќе ја утврдат во зависност и од квалитетот и од сортата и од шеќерните единици, односно од класите, појасни министерот Димковски.
Comments are closed for this post.