Денеска продолжува блокадата на тутунопроизводителите, на патот Прилеп – Градско.
Од иницијативниот одбор за протести синоќа одлучија наместо од 10 до 12 часот како што вообичаено беа блокадите, денеска блокадата да биде од 10 часот наутро па до 16 часот попладне.
Тутунарите во неколку наврати порачаа дека доколку не се укине четвртата класа на тутун и цената на тутунот не достигне 200 денари по килограм, тогаш блокадите ќе продолжат.
Comments are closed for this post.