Синдикатот за образование и наука, СОНК, апелира Министерството за образование и наука да не брза со спроведувањето на планот за спојување предмети. Пред тоа предлагаат проебен проект, да се видат резултатите па потоа да се направи реформата.

Претседателот на СОНК, Јаким Неделков вели дека сѐ уште не се знае како ќе се организираат часовите., но според него, најважно е ниту еден наставник да не остане без работа.

Тој еден наставен предмет, интеграцијата би била на пример, ако се четири наставни предмети со колку проценти би влегле овие наставни предмети? Колку тоа би биле во фондот на наставни часови на еден наставник и дали тоа ќе биде важно за формирање на генералната оценка на оценка што е исто така многу важно, рече Неделковски во изјава за Сител.

Предложените реформи за основното образование предвидуваат формирање два предмети – општествени науки во кои ќе се спојат историја географија и граѓанско и природни со групирање на хемија, физика, биологија и географија.