Со воведувањето на прогресивниот данок ќе се зголеми даночната евазија, сивата економија и сиромаштијата. Компаниите и приватниот сектор нема да имаат простор да отвораат нови работни места бидејќи ќе им се зголемат трошоците, даноците, а со тоа ќе им се намалат и приходите кои што ги остваруваат. Ќе има и зголемување на инфлацијата, апелираат од ВМРО-ДПМНЕ.

Како што кажа портпаролот на партијата Димче Арсовски, суштинска реформа беше воведувањето на рамниот данок во време на ВМРО-ДПМНЕ кој беше оценет како најдобро решение во тој момент, додавајќи дека ова е само една бледа шминка која наместо да ја покрие неспособноста и неработењето на СДСМ само ќе нанесе уште повеќе штета и ќе удри по џебот на граѓаните и државата.