Наместо да дадат конкретни одговори – кој, кога и како може да добие платежни картички, министрите за финансии и економија, Нина Ангеловска и Крешник Бектеши со напад кон новинарите – констатираа нетрпеливост и притисоци во прашањата, па и зачуденост како можело новинарите да поставуваат такви прашања.

Наметнавте многу прашања меѓу кои што дел од голем дел од прашањата имаат една доза на нетрпеливост. Ме чуди фактот што новинарка како Александра што имаат големо искуство и многу многу добро знаат за економијата и за процедурите како се донесуваат мерки било тоа со уредба со законска сила било тоа како се донесува програма да направи вакви прашања- рече Бектеши, на прашањето на новинарката Александра Филиповска од Телма.

И по втор обид конкретни одговори немаше, освен дека институциите напорно работат.

Драго ми е ако ги знаете ефектите ако е главното прашање за уредбите. На уредбите интензивно се работи во многу тимови се очекува до крајот на следната недела да ги доставиме и усвоиме уредбите по овие мерки- рече Ангеловска.

И после прес конференција од час и половина и повторување на презентацијата од пред неколку денови на техничкиот премиер Оливер Спасовски, кој ги најави мерките од третиот сет и кажа дека ќе тежат 355 милиони евра, останаа низа необјаснети прашања за граѓаните.