Компанијата (Amazon.com Inc) планира да лансира мрежа од над 3000 сателити како дел од проектот, чија цел е да обезбеди широкопојасен интернет во светот, објави во четвртокот телевизија CNBC.
Светскиот технолошки гигант во e – трговијата изјави дека сака да обезбеди интернет на „недоволно покриените области“, кои инаку не би можеле да си го дозволат.
Проектот наречен (Kuiper) е нов вселенски камен-темелник за Amazon.com, по претходните извештаи дека компанијата сака да биде пионер во вселенскиот туризам.
Проектот (Kuiper) е нова иницијатива за подигнување на плејада сателити на ниска надземна орбита, која ќе обезбеди ниска латентност, експресната широкопојасна конекција за ненаселена и недоволно покриени заедници низ целиот свет“, изјави портпаролот на Амазон.
Тој додаде дека „тоа е долгорочен проект кој предвидува сервисирање на десетици милиони луѓе кои немаат пристап до широкопојасен интернет. Со нетрпение очекуваме партнерството по оваа иницијатива со компании со кои споделувме заедничка визија“.
.
Comments are closed for this post.