Растот на економијата, на БДП, во првиот квартал од 2019 година изнесува 4,1 отсто. Ова е најголем раст на бруто домашниот производ во последните неколку години. Успешните економски политики на Владата предводена од СДСМ дваат реални, позитивни резултати, економијата е во нагорна линија, вели пратеникот од СДСМ Костадин Ацевски.
За споредба, како што изјави тој во вториот квартал од 2017 година, односно последните два месеци од владеењето на ВМРО-ДПМНЕ економијата беше во минус од 1,8 отсто.
„Денес, безмалку две години подоцна, имаме значителен раст од 4,1 отсто. Со оваа изразита разлика паѓаат во вода сите небулози на ВМРО-ДПМНЕ дека навно нема напредок во економијата“, рече Ацевски.
Според него за само 2 години, од заробена, изолирана и задолжена држава, имаме силна економија која нуди шанса за сите.
Comments are closed for this post.