Република Македонија од ден во ден е се посиромашна. Шаторите на работниците од Еурокомпозит пред Влада потсеќаат на едно мрачно минато, стои во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ .

Десетици работници од Прилеп како што се наведува поради безизлезноста во која ги втурна Заев сега ноќеваат пред Влада.

„Колку успешна е економската политика на Заев се гледа и по се пополните автобуси со млади луѓе кои ја напуштаат Македонија. Доколку Македонија оди напред болни деца ќе се лечат со пари од ФЗО, а не со СМС пораки. Вистинската слика за економијата не е розева како што Зоран Заев и неговите перјаници се обидуваат да претстават. Наводниот раст од 4.1% е уште една голема лага. Растот е во проценти толкав само затоа што лани беше катастрофално низок. Граѓаните не гледаат со розевите наочари на Заев. Граѓаните ја живеат суровата реалност секој ден. Заев треба да си замине, затоа што не постигна никакво реално подобрување на животот на граѓаните“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.