Речиси 60 милиони работни места низ Европската унија и Велика Британија се изложени на ризик од пандемија на коронавирус.

Анализата на меѓународна консултантска компанија во Лондон, Меккинзи,   предупредува дека стапката на невработеност во ЕУ би можела да скокне од околу 6 проценти на повеќе од 11 проценти и да остане на тоа ниво со години ако наскоро не престане ширењето на вирусот.

Мекинзи проценува дека една од четири работни места во ЕУ и Велика Британија е изложена на ризик од намалување на работното време, присилно отсуство или отпуштање од работа, пренесува Си-Ен-Ен.

Професиите што не бараат близок контакт меѓу луѓето, како книговодители и архитекти, како и оние што вклучуваат обезбедување основни услуги, се сметаат за ниско-ризични.

Професиите со висок ризик вработуваат 55 милиони работници, вклучително и касиерки, готвачи, градежни работници, хотелски персонал и актери.

Околу 80 проценти од работните места што се сметаат за ризични ги исполнуваат луѓе без колеџ, а вработените во помалите компании се особено изложени на ризик.

Доколку Европа не успее да го запре вирусот во рок од три месеци и е принудена да ја продолжи социјалната работа во текот на летото, стапката на невработеност ќе достигне врв на 11,2 проценти следната година, додека целосното економско закрепнување е малку веројатно пред 2024 година, стои во анализата.