Општина Охрид ја завршила избрала фирма којашто ќе треба да ги урне сите дивоградби што имаат решение за уривање, информираат од локалната самоуправа. Засега, од општината нема инфрмација колку решенија за рушење билке издадени.
Општината избра економски оператор за рушење на дивоградбите, кој ги исполнува условите и критериумите пропишани во објавата и испратено е известување до истиот. Наредната седмица се очекува да се склучи договор со избраниот економски оператор. Во овој момент нашиот одговор е дека Инспекциските служби се постојано на терен, бројот на предмети со утврдени отстапувања од Законот за градење секојдневно варира и не можеме да соопштиме точна бројка на издадени решенија за отстранување на бесправно изградени објекти – соопштуваат од општина Охрид.
Comments are closed for this post.