Секторот за внатрешни работи Тетово најавува засилени контролни и репресивни активности за откривање и законско санкционирање на „пукањата“ на прослави и приредувањето огномети без одобрение.
За да се справи со појавата на неконтролирано пукање со огнено оружје или со пиротехнички средства, неовластено приредувајќи огномети, СВР Тетово „сврти друг лист“ и најави децидно спроведување на законските одредби против лицата кои „ќе се фатат за оружје“.
За сите нив, без исклучоци, ќе се применува НУЛА толеранција, односно ќе се соочат со соодветни поднесоци. Паралелно со тоа ќе продолжат и превентивните активности на СВР Тетово – апели и состаноци на граѓанските советодавни групи во месните и урбаните заедници, со цел еднаш засекогаш да ѝ се стави крај на ваквата незаконска појава. Оваа појава освен што претставува нарушување на јавниот ред и мир и предизвикува општа опасност, за жал, летово имаше и инциденти кои резултираа со четири повредени лица, две во Тетово и две во гостиварско Чајле, рече за МИА, Марјан Јосифоски портпаролот на СВР Тетово.
Пукањето од огнено оружје на свечености е спротивно на Законот за прекршоци против јавниот ред и мир и се казнува со глоба од 200 до 500 евра.
Во случаи со повредување и ранување тоа може да се третира и како кривично дело „предизвикување општа опасност”, кое се санкционира со затворска казна од една до пет, односно 10 години.
Инаки две лица ќе се соочат со пријави за неовластено пукање од огнено оружје на свадбени свеченост во Гостивар.
Полициски службеници, вчеравечер (4 август) околу 23 часот и 25 минути, го привеле гостиварецот Ш.К, (49) кој на свадбена веселба организирана во дворот од неговата куќа во населбата „Бањешница“, го нарушил јавниот ред и мир со пукање со пиротехнички средства. По целосното расчистување на случајот против него ќе следува соодветен поднесок.
Вчера (4 август) околу 15 часот, на свадбена свеченост што ја организирал гостиварец А.С.(45) на улица „137“ во Гостивар, бил нарушен јавениот ред и мир со пукање од огнено оружје. По извршениот увид, а А.С. повикан е во Полициската станица Гостивар за целосно расчистување на случајот.
Пукањето на веселби, особено летниот период е зачестена појава и притоа се регистрирани и потешки инциденти. Во саботата, полицијата го лиши од слобода 53 – годишниот Б.Ф. во чиј дом се одржувала свадбата. Тој се сомничи дека пукал со огненото оружје при што две жени беа ранети.
Comments are closed for this post.