Антикорупциската комисија бара кривична одговорност за градоначалникот на Сарај, Блерим Беџети  за платформата на Матка.

Антикорупциите утврдиле дека градоначалникот не постапил по барањата за објектот. ДКСК смета дека платформата на Матка во никој случај не може да биде легализирана.

Затоа антикорупценерите бараат од Министерството за животна средина да изготват проект со кој тоа подрачје ќе биде прогласено за споменик на природата каде нема да бидат дозволени никакви градби.