Пет до шестмесеци се разликуваат ставовите на лидерите на власта и опозицијата за тоа кога би требало да се случат предвремените парламентарни избори. ВМРО-ДПМНЕ во континуитет бара избори. Ја обвинува власта за економско цунами и пресметка со политички неистомиленици. СДСМ пак смета дека брзи избори би влијаеле негативно на економските резултати.
Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски денеска на прес-конференција истакна дека предложиле изборите да се одржат во април или мај.
Понудивме два датуми, или на почетокот на април, почитувајќи ги Велигденските празници, или до крајот на мај, имајќи го во предвид празникот Рамазан. Изборите ни се потребни час поскоро пред се поради корупцијатаа, економското цунами и криминалните скандали на власта. Октоподот има широко распространети пипци, рече Мицкоски.
Премиерот Заев пак го понуди октомври за избори.
Охрабрен сум од преговорите на работните групи, опозицијата ако сака избори еве во октомври 2020, изјави Заев по една последните средби на работните групи за Законот за јавно обвинителство.
Според Законот за влада 100 дена пред изборите треба да се формира техничка Влада, а премиерот Заев да поднесе оставка.
Comments are closed for this post.