Во изминативе 5 години државата трошела по 1 евро на ден за доручек, ручек и вечера на еден студент сместен во некој од студентките домови, покажува истражувањето на Младинскиот образовен форум.
Лоши услови за живот, големо ниво на корупција, недостиг од студентско организирање и само 61 денар за три оброци. Ова се заклучоците од истражувањето за состојбата во државните студентски домови „Стив Наумов“, „Гоце Делчев“ и „Кузман Јосифовски – Питу“, кои функционираат под капата на Државниот студентски центар Скопје – ДСД Скопје.
Еден студент за сместување и храна месечно уплаќа 3410 денари на сметката на Државниот студентски центар. Според анкетираните станари, престојот во студентски дом е најевтина опција за разлика од приватното сместување. Но според истражувачите и оваа сума е премногу во споредба со квалитетот на живот што домовите им го нудат на студентите.
За скромните трпези на студентите зборува и податокот дека на годишно ниво Државниот студентски дом – Скопје купувал по 4 илјади килограми банани, што значи дека студентите добивале по само 1 банана во текот на месецот.
Comments are closed for this post.