Откако вчера изјави дека доколку Законот за Јавно обвинителство не се донесе со конзензус тој ќе се донесе на непоскакуван начин, премиерот Заев денеска вели дека не знае кој е тој непосакуван начин.

Непоскакуван начин се мисли секогаш кога државата била ставена во функција да изнајдува други начини кога не се наоѓаат регуларните начини, таквите начини никој не ги посакува. Не ги знам, но знам дека ќе бидат понепријатни, понепосакувани, да седиме на лидерски да доаѓаат експерти. Знам дека државата секогаш мора да го најде начинот- објасни Заев.