Алтернатива на Африм Гаши, која е коалициски партнер во владата на Зоран Заев, ја предлага Фатиме Фетаи за шефица на новото Обвинителство за организиран криминал и висока корупција.

Сега, кога треба да се избира новото име за управување со новото Обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција, Aлтернатива – како партија која повеќе од сé се грижи за правна држава и спроведувањето на правото без никаков компромис – ја користи оваа прилика да ја предложи обвинителката г-ѓа. Фатиме Фетаи, да раководи со ова обвинителство.

 

Како кадар која досега не оставила зад себе траги од злоупотреба на службената должност и како професионалец во борбата за правда, убедени сме дека може да ја врати довербата во владеењето на правото и борбата против организираниот криминал и корупцијата, кои се толку длабоко вкоренети во нашата земјам , додаваат од Алтернатива.