Во првата реакција откако со својот предлог за отворање повеќе американски бази во Грција, како и план „Б“ за Македонија предизвика бурни реакции кај јужниот сосед, министерот за одбрана Панос Каменос демантираше дека имал телефонски разговор со премиерот Ципрас. Таа вест, објавена од грчки весник, според Каменос е фабрикувана од одредена група во владејачката Сириза на Ципрас со намера „политички да го ликвидираат“.
Каменос рече дека предлозите што тој ги изнел ги изнел во лично име, зашто тие се дел од неговиот ресор и мандат – одбраната.
Инаку, лидерот на Незавни Грци, Каменос, смета дека Преспанскиот договор нема да помине во македонскиот парламент и затоа тој предлага алтернатива – да се потпише одбранбен пакт меѓу Грција, Бугарија Абанија и Македонија со цел да се запре руската пенетрација во регионот.
Инаку, Каменос изричито демантираше дека постоел телефонски разговор со Ципрас и обвини дека весникот тоа го објавил за пари и тоа наскоро ќе се дознае.
Во ваква атмосфера, при што Каменос од Ципрас дури во смеа е опишан како „ураганот од Америка“, 14 пратеници од опозициската Нова демократија побараа итно свикување состанок на парламентарната Комисија за надворешни прашања и одбрана и известување од надлежните министри Никос Коѕијас и Панос Каменос, за воените бази и за „македонското прашање“.
Во дописот до претседателот на Комисијата за национална одбрана и надворешни прашања, Константинос Дузинас, тие пишуваат дека „сериозните геополитички случувања во Европа и во поширокиот регион на Балканот и Источниот Медитеран наметнуваат итно одржување на суштинска парламентана дискусија“.
Comments are closed for this post.