Жестока расправа на вториот ден на комисијата за уставни измени. Власта и опозицијата со свои аргументи зошто треба или не треба да се направи промена на Уставот. За пратениците од опозицијата договорот е шанса Македонија да ги почне преговорите со ЕУ и да стане членка на НАТО  и  дека подобар договор не може да се постигне.

Пратеникот Трајчо Димков му реплицираше на шефот на дипломатијата Димитров дека треба да ја носи одговорноста за потписот на Договорот од Преспа на што тој му одговори дека му е гордост.

Највпечатливо во обраќањето на премиерот Зоран Заев е што тој уште една потврди дека немаат двотретинско мнозинство за промена на Уставот.

 

Дефинитивно НАТО и ЕУ останува нешто што политички, етнички и верски не држи заедно. Вредно е да се размисли, а едноставно е да се каже не. Без опозицијата ништо не можеме да направиме во овој парламент, немаме дво-третинско мнозинство. Имаме време сега и на пленарна седница. Граѓаните ќе бараат одговори, дали сме биле на ниво на историската одговорност-рече Заев.

Пратеникот Илија Димовски праша зоштосе брише грижата за иселениците од Македонија забележа пратеникот. Грижата за малцинствата не значи територијални аспирации потенцира Димовски, тоа значи одговорност,  тоа значи одговорност спрема мачната судбина која што ја имале тие луѓе, додаде тој. Димовски го постави и прашањето зошто во еден ваков стратешки договор не се побарало од Грција, македонското малцинство во Грција да го има правото да учи на својот мајчин македонски јазик од прво одделение.

-Членот 49 е единствениот член од Уставот, во кој што зборот Македонија не оди со терминот Република Македонија, туку вели Републиката се грижи за положбата и правата на припадниците на македонскиот народ во соседните земји, вие тоа ќе го избришете и за иселениците од Македонија. Не вика Република Македонија. И тоа ќе го избришете. Зошто? Поради тоа што нашата заедница во Торонто или во Мелбурни или во Перт е повеќе сочинета од луѓе кои што никогаш немале допир со Републиката како што тие самите викаат. И затоа ве молам не е коректно да ги прерипнуваме овие аргументации.