Речиси 30 илјади турски граѓани во 2017 година добиле државјанство во една земјите членки на Европската унија. Според Евростат, кој ги објави податоците за доделување државјанство од страна на ЕУ, од 29.807 турски граѓани, 50,2 отсто добиле државјанство во Германија, јави телевизијата ТРТ.

Останатата половина изразена во проценти се: 17,9 отсто во Франција, 10 отсто во Холандија, 5,3 во Британија и 16,6 во други европски земји.

Според податоците, во 2017 година државјанство во земји членки на ЕУ добиле 825.447 лица.

Италија со 18 отсто е земја која доделила најголем број државјанства на странски граѓани. По неа, со 15 отсто следува Велика Британија, Германија и Франција со 14 отсто, а Шведска и Шпанија со осум отсто се земји кои доделиле најмал процент државјанства.

Најголем процент на државјанство во ЕУ добиле Мароканци со осум отсто, Албанци со седум, и Турци и Индијци со по четири отсто, информира ТРТ.