Околу 200 казни за сообраќајни прекршоци вчера напишала полиција во Скопје за брзо возење, прекршоци на мотоциклисти и други прекршоци.
Како што соопшти МВР, вчера во периодот од 20 до 24 часот Одделението за безбедност на патниот сообраќај при Секторот за внатрешни работи Скопје при акциски контроли за санкционирање на прекршоци од возачи на мотори, откриени се 35 прекршоци.
Во периодот од 6 до до 24 часот, при контрола за откривање возачи кои управуваат моторни возила со брзина поголема од законски пропишаната, полицијата санкционирала 92 возачи кои ја пречекориле брзината во населено место, а откриени се и 68 останати прекршоци.
Comments are closed for this post.