Штитење на криминалци и сокривање на криминалот е одлика единственo на ВМРО-ДПМНЕ.Единствениот криминален октопод е сместен во Будимпешта и е раководен од Никола Груевски а ВМРО-ДПМНЕ и Христијан Мицкоски се само неговите пипци кои очајно се обидуваат да го одбранат неговиот криминал, реагираат во СДСМ

СДСМ покажа дека борбата против криминалот не познава партиска припадност и таа треба да биде бескомпромисна и неселективна.Доказ за тоа е и новиот Закон за јавно обвинителство кој наскоро влегува во собраниска процедура.Закон за кој ВМРО-ДПМНЕ очајно бара алиби да не го прифати.Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ избегаа од лидерската средба и застанаа на спротивната страна од правдата и одговорноста.Република Северна Македонија е правна држава во која владеат законите. Секој оној за кој ќе се докаже дека постпапувал незаконски ќе одговара