Вкупната помош што Европската Унија ја издвоила за справување со миграциската криза во Грција достигнала 1,69 милијарди евра, покажуваат последните податоци на Европската комисија.
Од оваа сума, грчките власти добиле 794 милиони евра, Високиот комесаријат на ОН за бегалци (УНХЦР) – 506,67 милиони, Меѓународната организација за миграција (ИОМ) – 119,7 милиони, Европската канцеларија за поддршка на азилот – 26 милиони, а разни меѓународни невладини организации партнери на ЕК добиле 201 милиони евра.
Од вкупните средства досега нераспределени се 44,6 милиони.
Comments are closed for this post.