Нови веришта дуваат во Цариградската партријаршија.Она што досега не можеше да се замисли, а тоа е признавање на автокефалност на една помесна црква без која се смета за нејзина марка.Цариград реши да ја признае Украинската православна црква и покрај силното противење на Москва.
На собрание на синодот во Истанбул, претседаваше патријарх Вартоломеј, кој се смета за прв меѓу еднакви лидери на православната црква и “пресуди да се даде автокефалија на црквата на Украина”, се вели во официјалното соопштение во Истанбул.
Ваквиот потег предизвика воодушевување во Киев и револт во Москва најмногу насочен кон патријархот Вартоломеј.Руската православна црква дури и се закани дека ќе ги прекине сите врски со Вселенсата патријаршија.
Руските медиуми ја пренесуваат изјавата на портпаролот на патријархот Кирил, кој истакна дека одлуката е „легализација на расколот и оти претставува катастрофален потег со кој е помината црвената линија“.
Одлуката на Цариградската патријаршија ја коментираше и претседателот на Украина, Петро Порошенко, истакнувајќи дека тоа е прашање на украинската безбедност, државност и светската геополитика.
Тоа е пад на третиот Рим, наведе Порошенк
Киевската Патријаршија се прогласи во 1992 година кога Украина стана независна и не била призната од ниту една Православна Црква во светот.
Покрај во Москва, негодување од оваа одлука има и кај српската црква поради стравот дека тоа може да биде искористено и од Македонската и од Црногорската православна црква.
СПЦ го има томосот за нашата црква и нудеше самостојност но не и автокефалност што за МПЦ е неприфатливо. Преговорите помеѓу двете цркви се речиси прекинати, а односите дополнително се влошија отако МПЦ реши да побара од БПЦ да стане нејзина црква-мајка и да помогне да се реши канонскиот статус.
Comments are closed for this post.