Две жени на возраст од 16 и 33 години исчезнале во текот на вчерашниот ден.

Едната од нив е 16-годишна  кавадарчанка која се оддалечила од својот дом вчера околу 13 часот. Нејзиното исчезнување, во полиција го пријавил нејзиниот 40-годишен татко, М.Е.

Еден час подоцна, исчезнала и 33-годишната Ј.А. од битолското село Братин Дом, заминала од дома во непознат правец околу 14 часот. Нејзиното исчезнување го пријавил нејзиниот 60-годишен татко.

Како што соопштија од полицијата, се преземаат мерки за нивно пронаоѓање.