Сем Доминго, снаа на славниот оперски пејач Пласидо Доминго, по 22 години ја напушти саентологијата, а сега за сите работи кои се случувале проговори за „Дејли Меил“.
Како што кажа, на тоа да прозбори јавно била предизвикана од фактот што посвоената ќерка на Том Круз, Изабела Џејн Круз, станала застапник на саентологијата во јавноста.
Сем одлучила да открие дека животот на Изабела, како и на нејзиниот брат Конор, драматично се променил откако Никол Кидман и Том Круз во 2001 година се развеле.
Како што рече, досега молчела од почит кон Том и неговата сестра Кес Меподер, со која била блиска, но кога почнале да ја искористуваат Изабела и станало жал за детето.
„Изабела ја користат за ПиАр, бидејќи е ќерка на Том Круз. Не е добро тоа што и го прават на нејзе и на Конор. Тие немаат избор освен да ја промовираат саентологија“, изјавила Сем.
По разводот децата се охрабрувани да се одалечат од мајката Никол Кидман, бидејќи таа – по приказните кои на децата и Том им ги кажувале саентолозите – непосакувана личност.
„Немаат никаков избор. Беа индоктринирани во саентологијата и изолирани од сè. Не смееш да бидеш против саентологијата ако си дел од семејството на Том. Инаку ќе се откажат. Погледнете што се случи со неговата ќерка Сури“, истакнува Сем.
Таа во интервјуто открива што саентолозите мислат за Никол Кидман.
„За жал, Никол не може да биде спасена во овој живот. Но, за среќа, таа еден ден ќе умре и тогаш ќе можеме да ја спасиме во следниот живот. Тоа е ставот на Саентолошката црква“, заклучува Сем Доминго.
Comments are closed for this post.