Земјотрес со јачина од 5,3 според Рихтер ја погоди Атина, но засега нема информации за повредени или материјална штета.

Според грчката национална опсерваторијата земјотресот се случил во 14.13 часот по локално време, а епицентарот бил на планината Парнита, на 23 километри северозападно од Атина. Потресот е почувствуван на целата теритија на грчката престолнина.

Поради силината на земјотресот голем дел од граѓаните на грчката престолнина ги напуштиле своите домови и излегле на улица. Земјотресот е почувствуван и на отворено, а веднаш по него се појавиле проблеми со мрежата на мобилните оператори и фиксната телефонија, додека интернетот функционира нормално.

Неофицијално биле евакуирани тровски центри и јавни објекти во Атина.