Светската здравствена организација објави дека епидемијата на ебола во Демократска Република Конго претставува меѓународна закана за јавното здравје и потребна е итна помош, додавајќи дека неодамнешниот ризик од нејзино ширење во градот Гома, со популација од 2 милиони луѓе и во Уганда, заканите се зголемиле.

Ова е петто вакво прогласување во историјата. Претходните вонредни состојби беа прогласени за катастрофалната појава на ебола од 2014-16 година во Западна Африка, во која загинаа повеќе од 11.000 луѓе, за појавата на Зика на американскиот континент, пандемијата на свински грип и полио вирусот од Сирија.

Сепак, шефот на СЗО, Тедрос Адханоме Гебријес, рече дека ги прифатил препораките на комитетот на меѓународни експерти, кој истакнале дека не треба да постојат ограничувања за патување или трговија и нема да се врши скрининг на патници во пристаништата или аеродромите надвор од непосредниот регион зафатен од заразата.

СЗО предупреди дека блиските земји во Руанда, Јужен Судан, Бурунди и Уганда се најзагрозени, додека Централна Африканска Република, Ангола, Танзанија, Република Конго и Замбија се на второто ниво.