„Наместо редовно и неосновано да го напаѓаат судот и судиите по секоја судска одлука од која не се задоволни, Обвинителството да си погледне во сопствениот „двор“, порача во соопштение Кривичниот суд-Скопје по вчерашната изјава на Јавниот обвинител на РСМ, Љубомир Јовевски во врска со пресудата за предметот „Тревник“.
Судот и судиите, се вели во соопштението, работат согласно Законските одредби, го почитуваат начелото на еднаквост на оружјата, Уставно загарантираните права и слободи и одлучуваат врз основа на доказите и аргументите, а не врз основа на лични желби на странките во постапката, дотолку повеќе што секоја првостепена одлука на Кривичниот суд се преиспитува од повисоките судски инстанци, по изјавена жалба од незадоволната страна.
Како суд бараме во иднина обвинителството да се однесува со повеќе почит кон судиите и судиската функција, нивните коментари и изјави да се во рамки единствено на нивните надлежности, а не на паушални обвинувања.“
Comments are closed for this post.