Земјотрес со интензитет од 4,6 степени според Рихтерова скала попладнево е регистриран во северниот дел на Грција, соопшти грчкиот сеизмолошки центар.
Епицентарот на потресот се наоѓал на 14 километри јужно од Кожани, а поради јачината бил почувствуван и во Северна Македонија.
Меѓу земјите кои го почувствувале земјотресот се и Србија, Албанија, Црна Гора, Бугарија, Косово, БиХ, Италија и Хрватска.
Засега нема информации за евентуални повредени лица и причинета материјална штета
Comments are closed for this post.