Емануел Макрон кој утре ќе биде во официјална посета на Србија, во Белград ќе дојде без неговата сопруга Брижит. Нема официјална информација зошто првата дама ќе остане во Париз која инаку го следи на сите официјални настапи.

Брижит е 24 години постара од Макрон и му била професорка. Родителите на Макрон не можеле да се поминат со тоа нивниот син да биде со жена која може да му биде мајка и која нема да му подари деца.

Мајката на Емануел дури и отишла да разговара со Брижит да го остави на мира, на што таа одговорила-Не можам да ви ветам.