Длабоко верувам дека во периодот што ни претстои, ќе продолжи безрезервната поддршка на Соединетите Американски Држави за остварување на нашите евроатлантски аспирации, како највисок надворешно-политички приоритет и трајна стратегиска определба, рече денеска шефот на македонската држава, Стево Пендаровси на свечената цереомија на примањето на акредитивните писма на новоименуваната амбасадорка на САД во Македонија, Кејт Мери Брнс.
Очекуваме наскоро да се заврши и процесот на ратификација на Пристапниот протокол, со што Република Северна Македонија ќе се придвижи чекор напред кон полноправно членство во НАТО алијансата. Тоа ќе претставува и дополнителна потврда на заложбите на САД за стабилна, сигурна и просперитетна Северна Македонија“, рече во поздравниот говор Пендаровски.
Тој додаде дека в година ќе се одбележат 25 години од воспоставувањето на дипломатските односи и оти тоа треба да даде дополнителен импулс за натамошно негување и зајакнување на стратегиското американско-македонско партнерство.
Ми претставува особено задоволство да го започнам мојот мандат во овој клучен период за односите помеѓу нашите две земји. Со нетрпение очекуваме, до крајот на годината, да и посакаме добредојде на Северна Македонија како 30-та членка на НАТО алијансата. Како сојузници, нашите односи ќе стануваат посилни, поврзани преку нашата заедничка заложба за мир, безбедност и просперитет во регионот и пошироко“ рече амабсадроката Брнс.
Таа истакна дека „двете земји се посилни поради нашата соработка…нашите војници служат рамо до рамо на бојното поле, исто како што нашите лидери работат заедно на унапредување на нашите цели за безбедна и просперитетна Северна Македонија и Европа“.
Се радувам што ќе работам со вас и со властите и граѓаните на Северна Македонија, развивајќи посилни односи како сојузници. Се обврзувам дека ќе промовирам стабилност преку силни институции и дека ќе ги поддржувам напорите на вашите власти во борбата против корупцијата и зајакнувањето на владеењето на правото, дека ќе го унапредувам просперитетот преку помошта и партнерството со приватниот сектор и дека ќе работам на зацврстување на безбедноста преку нашето партнерство во одбраната.
Лично, се радувам што ќе ја искусам убавината и различностите на Северна Македонија и што ќе научам повеќе за вашата динамична култура, за традициите и за историјата на вашата земја“, порача Брнс.
Comments are closed for this post.