Терористите на Исламска држава извршиле напад на милитантните групи на Ал Нусра фронт во селото Латамни и заплениле два канистери со хлор, соопштуваат од рускиот Центар за помирување на завојуваните страни во Сирија.


Во соопштението се наведува дека милитантите поврзани со Исламска држава синоќа извршиле напад на главниот штаб на Ал Нусра фронтот во сириското село.

Во нападот се убиени четворица милитанти и двајца работници на организацијата „Бели шлемови“. Двата канистери со хлор украдени се од штабот, се наведува во соопштението.

Од таму додаваат дека канистрите со хлор подоцна се транспортирани во покраината Алеп и се предадени на групата Хурас ел дин која е поврзана со Исламска држава.


Руското Министерство за одбрана на неколку пати предупредува дека терористите во Сирија се подготвуваат отровите на база на хлор да ги употребат како би исценирале напад со хемиско оружје, за кое подоцна би ги обвиниле властите во Дамаск.