Фудбалскиот клуб Наполи постигна договор со Фенербахче за трансферот на македонскиот фудбалер Елиф Елмас.
Како што пренесуваат италијанските медиуми, деталите за трансфер се прецизирани, а играчот ќе се појави во Неапол за медицински прегледи.
Наполи ќе одвои околу 15 милиони евра за услугите на 19-годишниот Македонец, плус некои бонуси кои ќе му следат на турскиот клуб.
Елмас тргна во големиот фудбал од Работнички, а во 2017 година се пресели во турскиот гигант Фенербахче, каде што покажа одлични игри.
Тој игра во средината на теренот и се очекува да го замени Амада Дијавара во Наполи, кој беше продаден на Рома.
Comments are closed for this post.