Премиерката на Обединетото Кралство, Тереза Меј, на средбата со премиерот Зоран Заев во Познањ, ја поздрави препораката на Европската комисија за старт на преговорите за нашата земја со ЕУ и изрази надеж дека тоа навистина ќе се случи во октомври како што најавија повеќето земји членки на ЕУ.
Меј го информираше Заев и дека постапката за ратификација на Протоколот на пристапување на Република Северна Македонија во НАТО во британскиот парламент е во завршна фаза.
Како што информира владината прес-служба, премиерите на двете земји изразија задоволство од одличните билатерални односи и надеж дека во иднина пријателството ќе се продлабочи, особено во економската соработка. Притоа беше нагласен интересот на британските компании да инвестираат во Северна Македонија.
Премиерката Меј од која премиерот на Полска го презеде претседавањето на Берлинскиот процес и организацијата на Самитот за Западен Балкан, на средбата му честиташе на Заев за копретседавањето со овој процес со Република Бугарија во наредните 12 месеци.
Comments are closed for this post.