Пејачката Тамара Тодевска ги откажа концертите во Прилеп и Охрид кои требаше да се одржат наскоро. Причината за тоа се реакциите во јавноста по скандалот од пред неколку дена кога при прославата во американската амбасада во Скопје таа ја отпеа македонската химна без стиховите во кои се Гоце Делчев, Питу Гули, Даме Груев и Јане Сандански. Во објава на Фејсбук Тамара вели дека ненамерната грешка се претворила во пекол за неа и нејзиното семејство. Вели дека не е дел од политички игри.
Почитувани, очигледната ненамерна грешка при пеењето на химната прерасна во вистински пекол за мене и моето семејство. Со оглед на тоа што не сакам да придонесувам за зголемување на нашата агонија како семејство и во интерес на смирување на целата ситуација која излезе вон контрола, решив да ги откажам концертите во Прилеп и Охрид. Се надевам дека оваа моја грешка, повторувам грешка, ќе успеете да ја надминете и дека ќе најдете начин да разберете дека е повеќе од ненамерна. Би сакала да се заблагодарам на сите што беа покрај мене во овие тешки мигови. Ниту сум била ниту ќе бидам дел од нечии политички игри, моето семејство е мој број еден приоритет и нивниот мир е на прво место при секој избор, напиша Тодевска.
Comments are closed for this post.