Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски бара претседателот Стево Пендаровски да им се извини на Македонците во Република Македонија за неговата изјава за Гоце Делчев. Мицкоски ова го поставува како услов за тет – а тет средба со шефот на државата.
Секогаш кога ќе бидам повикан на лидерска средба каде што ќе се одлучува за иднината на нашата држава, на Република Македонија, ќе присуствувам и ќе додадам вредност. Но, доколку господинот Пендаровски сака да има тет а тет средба со мене тогаш ќе треба да докаже дека е претседател на сите граѓани. И ја користам оваа прилика еве да му упатам еден апел доколку навистина искрено сака средба со лидерот на опозицијата, прво што треба да направи е да им се извини на Македонците во Република Македонија за неговата изјава за Гоце Делчев и истата да ја повлече, па дури потоа може да разговараме за наша заедничка средба, изјави Мицкоски во денешното интервју во дневникот на Канал 5 телевизија.
Тој уште еднаш го искажа неговиот став за Гоце Делчев.
Мојот став сум го соопштил во минатото.Јас немам дилема ниту за тоа како завршиле неговите мошти таму каде што завршиле, како биле вратени тие во 1946 во Република Македонија, сето ова заокружено значи дека Делчев е еден голем Македонец, еден голем ревоуционер кој што се борел за независна македонска суверена држава, рече Мицкоски.
Comments are closed for this post.