На денешната расправа за избор на новите министри премиерот Заев одговарајќи за квалитетот на тие што ги избрал нагласи дека победата што ќе ја издвојат на следните избори ќе биде најдобра гаранција дека новите кадровски решенија биле успешни.
Која е гаранцијата дека новите луѓе ќе бидат подобри од досегашните? Гаранцијата е кога ќе победиме на следните избори, рече Заев.
Премиерот вети дека новите министри ќе работат на максимални резултати
Координаторот на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ Никола Мицевски пак истакна дека порака што граѓаните ја пратија на претседателските избори и на референдумот до Зоран Заев беше дека сакаат тој да си замине од власта а не да менува министри.
Пораката беше јасна неуспешен референдум, катастрофален резултат на претседателските избори.Појасна порака од ова нема и вие сте свесни за ова-истакна Мицевски.
Comments are closed for this post.