Братот на Ел Чека, Блерим Амеди, ги демантира вестите кои беа објавени во некои медиуми за неговото апсење. Во изјава за весникот Лајм, тој обвинува дека овие шпекулации се намерни и излегуваат од кујната на ДУИ.

Амеди потврди дека бил поканет во полициската станица во Тетово заради протестите кои ќе се организираат во недела во Тетово против ДУИ.

Вестите за моето апсење се шпекулации кои ги вади партијата на власт ДУИ. Јас бев во полиција со посредниците на ОБСЕ кои видоа дека во Северна Македонија нема демокатија, туку тука продолжува комунизмот. Полицијата ги користи нејзините образложенија за ограничување на протестот, но ние ќе ја продолжиме нашата цел и во недела во 16:00 часот, ќе се сретнеме пред ректоратот на Тетовскиот универзитет и ќе маршираме кон седиштето на ДУИ “– изјави за весникот Лајм, Блерим Ахмеди, веднаш откако излезе од полициската станица во Тетово.

Во меѓувреме и МВР излезе со информација дека не бил приведен и дека бил во полиција за да го пријави протестот што ќе се одржи в недела.