Состанокот во Париз, на кој требаше да присуствуваат највисоките претставници на Србија и на Косово, во присуство на францускиот претседател Емануел Макрон и германската канцеларка Ангела Меркел, е одложен, јави Дојче Веле повикувајќи се на германската владина прес-служба.
„Точно е дека состанокот закажан за 1 јули ќе биде одложен”, се вели во одговор на прес-службата на германската влада.
„Германија и Франција остануваат во близок контакт со Косово и со Србија”, се вели во одговорот.
Comments are closed for this post.