Состанокот во Париз, во организација на Германија и Франција, на кој требаше да се состанат Белград и Приштина нема да се одржи, пренесува српски „Блиц“.
Претседателот на Србија, Александар Вучиќ синоќа изјави дека 99 отсто Самитот во Париз, кој ќе беше втора средба по самитот во Берлин одржан пред еден месец во присуство на германската канцеларка Ангела Меркел и францускиот претседател Емануел Макрон, нема да се одржи.
Приштинските медиуми пренесоа во четвртокот дека двете делегации, на Белград и Приштина, биле во „тајна“ посета на Берлин, со цел подготовка за состанокот во Париз.
Вучиќ денеска потврди дека таквиот состанок се случил, како и дека Србија ја претставувал Марко Ѓуриќ, но дека по состанокот станало сосема јасно дека Париз нема да се случи.
Денеска портпаролката на ЕУ, Маја Коцијанчиќ во изјава за дневниот весник Коха рече дека Приштина и Белград мораат веднаш да се вратат на преговарачката маса и да постигнат сеопфатен, правно обврзувачки договор за целосна нормализација на односите.
Comments are closed for this post.